Италија почна да ги продава билетите за гостувањето во Скопје по цена од 12 евра

Италијанската фудбалска федерација ги пушти во продажба билетите за гостувањето во Скопје за натпреварот кој се игра на 9. септември на Националната Арена „Тодор Проески“.

Влезниците може да се купат до 20 август до 20 часот. Цената на билетот за гостинската трибина е 12 евра.

Се очекува околу 500 гостински навивачи да бидат присутни на трибините на Национална Арена за квалификацискиот натпревар во септември.

Се вчитува...