Италија, преку Финска, лесно до четвртфиналето на Евробаскетот

Репрезентацијата на Италија е третиот четвртфиналист на Евробаскетот 2017, откако рутински славеше во осминафиналната пресметка против Финска со 70-57.

Италијанците уште од самиот почеток на мечот јасно ставија до знаење дека размислуваат само за триумф на дуелот. Па по првата четвртина имаа предност од 30-17, која потоа само рутински ја одржуваа и зголемуваа па на полувремето имаа 19 поени предност (48-29).

Во вториот дел во ист ритам продолжија небесносините, на крајот стигнувајќи до рутинска победа.

Најефикасен во редовите на Италија беше Белинели со 22 поени, а Хакет под рекетот имаше 6 поени, дополнети и со 6 скока.

Се вчитува...