Италија се откажа од кандидатурата за ЗОИ 2026

После јапонскиот град Сапоро, и италијанските градови Кортина д’Ампецо, Милано и Торино се откажаа од кандидатурата за организација на Зимските Олимписки Игри во 2026 година. Тие се откажаа затоа што не можеа да се договорат кој град треба да ја има водечката улога во кандидатурата.

Милано и Кортина д’Ампецо сега сакаат да продолжат во дуо, но италијанската влада не сака да ја поддржи нивната кандидатура.

„Ако Ломбардија и Венето сакаат заеднички да организираат ЗОИ, ние нема да им стоиме на патот, но нивната кандидатура нема финансиски да ја поддржиме“, истакна владата на Италија.

Во игра за домаќинство на ЗОИ 2026 останаа пет градови – Калгари, Грац, Стокхолм, Сион и Ерзурум, а домаќинот ќе биде избран во септември следната година.

Се вчитува...