Италија со пет дебитанти против Македонија

Италијанската кошаркарска федерација ги објави двенаесетте патници за Талин. Селекторот Сакети по дводневните подготовки во Рим избра пет дебитанти во сениорскиот тим, кои веќе настапуваат во Првата италијанска лига.

„Аѕурите“ како домаќини имаат обезбедено учество на Евробаскет 2021, затоа и настапуваат со крајно подмладен состав во овие квалификации, но и со ваква екипа Италијанците славеа на првите две средби, против Русија и Естонија.

Составот на „аѕурите“ за дуелот со Македонија закажан за 28. ноември е следниот:

# 00 Амадео Дела Вале (1993, 196, бек, Будуќност- Црна Гора)
# 0 Марко Спису (1995, 184, бек, Сасари – Италија)
# 11 Давиде Морети (1998, 190, бек , Армани Милано – Италија)
# 13 Томасо Балдасо (1998, 191, бек, Виртус Рома – Италија)
# 16 Амадео Теситори (1994, 208, центар, Виртус Болоња – Италија)
# 17 Џанпало Ричи (1991, 202, крило, Виртус Болоња – Италија)
# 19 Рафаел Гаспардо (1993, 207, крило, Бриндиси – Италија )
# 31 Мишел Витали (1991, 196, бек, Бросе Бамберг – Германија)
# 32 Андреа Пичина (1997, 197, бек/крило, Канту – Италија)
# 44 Давиде Алвити (1996, 200, крило, Трст – Италија)
# 45 Никола Акеле (1995, 203, крило, Тревисо – Италија)
# 54 Алесандро Пајола (1999, 194, бек, Виртус Волоља – Италија)

Се вчитува...