Италијанците со „проверен“ состав и во Перм

Македонската кошаркарска репрезентација на квалификацискиот „балон“ за Европското првенство во Перм кој ќе се одржи помеѓу 18. и 22. февруари, два пати силите ќе си ги одмери против селекцијата на Италија, со оглед на тоа што нашата репрезентација поради проблеми со коронавирусот не успеа да настапи на вториот квалификациски турнир кој беше одржан во Естонија.

Како потсетување, Италија е еден од домаќините на првенството па за нив учеството е загарантирано, но и тоа не ги спречи избраниците на Сакети на првите два „балона“ да забележат максимален учинок од три победи. Селекторот на Италија, „проверениот“ состав нема да го менува ниту за натпреварите во Перм, а од него во однос на претходниот „балон“, ќе отсуствува само младиот бек на Виртус Волоља, Алесандро Пајола, a покрај останатите ќе биде засилен со искусниот Авуду Абас.

Поширокиот состав на „аѕурите“ кој ќе настапи против Македонија на дуелите закажани за 18. и 21. февруари е следниот:

Се вчитува...