Италијаните го повикаа Ѓоковиќ да настапи на турнирот во Рим

Новак Ѓоковиќ во интервју за „Би-би-си“ изјави дека нема намера да се вакцинира, по што веќе доаѓа до знак прашалник на кои турнири ќе смее да настапи во претстојниот дел од сезоната. Тој следната недела ќе учествува на турнирот во Дубаи, а сега дојде потврда дека ќе смее да настапи и на АТП Мастерсот во Рим.

Италијанската потсекретарка за спорт, Валентина Вечали сугерираше дека нема пречки првиот тенисер во светот да учествува на турнирот во Рим кој почнува на 2. мај.

„Што се однесува до тениските турнири засилениот „зелен сертификат“ не е предвиден“, изјави Векали. 

Доколку настапи во Рим, Србинот ќе ја брка својата шеста титула во „вечниот град“ откако претходно триумфираше во 2008, 2011, 2014, 2015 и 2020 година.

Се вчитува...