Италијанката Џорџи го освои ВТА турнирот во Монтреал

Италијанската тенисерка Камила Џорџи стигна до најголемиот трофеј во кариерата откако славеше на ВТА турнирот во Монтреал. Италијанката во финалето беше подобра од чешката тенисерка Каролина Плишкова со 2-0, по сетови 6-3 и 7-5.

За Италијанката ова е трета титула во кариерата, но прва на еден од најголемите турнири во светот. Малку подоцна вечерва мажите го играат финалето на канадскиот мастерс во Торонто каде ќе се сретнат Данил Медведев од Русија и Американецот, Рејли Опелка.

Се вчитува...