Италијанска доминација – составот на Манчини урива рекорди

Италија одигра импресивен натпревар на стартот од ЕВРО 2020 против селекцијата на Турција, триумфирајќи со 3-0 за потврда дека „аѕурите“ имаат квалитетен состав со кој ќе се обидат да стигнат што подалеку на овој шампионат.

Разликата од три гола е најубедлива на еден премиерен натпревар од еден европски шампионат, а уште поимпресивно делува фактот дека „аѕурите“ на девет меча во низа немаат примено ниту еден единствен погодок. Ова е втора најдобра серија во историјата на италијанскиот национален тим, по онаа од ноември 1989 до јуни 1990 година, кога „аѕурите“ не примија гол на десет натпревари во низа.

„Секако дека сум задоволен, прикажавме добра игра и заслужено победиве. Не успеавме да постигнеме гол во првиот дел, но останавме трпеливи, не беше нималку лесно бидејќи Турција има навистина одличен тим. Секако, имавме помош од публиката, што беше од огромно значење за нас. Ова беше прекрасна вечер, заслужена победа, но прерано е да се говори за атак на трофејот. Патот до диналето на Вембли е долг“, изјави селекторот Роберто Манчини.

Се вчитува...