Италијански новинар за Елмас: Тој вреди 70 милиони? Сигурно роднини му се тие што одредуваат цената на фудбалерите

Меѓународниот центар за спортски студии го објави најновото истражување со кое ги вреднуваше најдобрите млади фудбалери во светот, меѓу кои се најде место и за Елиф Елмас.

Истражувањето се однесува на фудбалери до 23-годишна возраст во најсилните лиги во светот, а „македонскиот дијамант“ се најде во него како дел од елитата на плејмејкерската позиција чија цена достигнува 70 милиони евра.

Италијанскиот новинар Џузепе Канела смета дека Елмас е добар фудбалер, но дека неговата вредност е нереална, дополнувајќи дека ако тој вреди 70 милиони евра тогаш сигурно има роднини во Меѓународниот центар за спортски студии.

„Елмас вреди 70 милиони евра? Тој е добар фудбалер, но не може да вреди толку. Сигурно има роднини во ЦЕИС“, накратко изјави Канела. 

Елмас има солидна сезона во Наполи, а со македонската репрезентација успеа да избори бараж за пласман на Светското првенство во Катар.

Се вчитува...