Италијански „снајперист“: Погоди 65 тројки по ред

Италијанскиот плејмејкер Амедео Дела Вале уште еднаш потврди зошто важи за најдобар шутер во својата татковина, објавувајќи видео во кое тој постигнува дури 65 тројки во низа. Дела Вале упати вкупно 103 удари за тројка, а промаши само два, како потврда на беспрекорните шутерски способности.

Тој моментно е без клуб по заминувањето од Олимпија Милано, но само прашање на време е кога ќе си најде нов ангажман на Апенинскиот полуостров.

Погледнете го неверојатниот шутерски тренинг на италијанскиот кошаркар…

Се вчитува...