Италијански судија и се е можно – Судар на Навас и Паредес, Орсато свири фаул за ПСЖ

Пари Сен Жермен го елиминираше Баерн Минхен во четвртфиналето од Лигата на шампионите. Германците се гневни на главниот судија на мечот, Италијанецот, Даниеле Орсато кој на девет минути до крајот на мечот имаше бизарна судиска грешка.

Тој во 81. минута на високо уфрлена топка во шеснаесетникот на ПСЖ свиреше фаул за „светците“ откако Навас го гурна Леандро Паредес.

Баварците се гневни на судењето на главниот судија кој дефинитивно имаше доста грешки и на двете страни.

Се вчитува...