Италијански тест за подмладената одбрана

ЕКИПА во Торино, Италија

Никола Ѓуровски

Македонската фудбалска репрезентација вечерва (20.45 часот) го игра претпоследниот квалификациски натпревар од циклусот за СП 2018 во Русија. Предизвикот е огромен, на гости кај четирикратниот светски првак Италија во Торино, пред дуелот дома, во Струмица во вторник против Лихтенштајн.

Највпечатливо е дека речиси комплетната одбрана е променета, односно подмладена. Единствено Стефан Ристовски е повторно дел од составот, а ги нема Ванче Шиков, Даниел Мојсов, Леонард Жута. Шанса добиваат некои помлади момци, Зајков, Велкоски, Муслиу.

“Секогаш верувам во својот избор. Ова е голем предизвик за сите нас, вистински тест за нашата селекција пред крајот на овој квалификациски циклус”, вели селекторот Игор Ангеловски.

Одбранбеното трио за првпат ќе игра заедно во А тимот. Но, тоа не значи и дека нема да бидат компактни и успешни. Торино е првиот голем тест за нив…

Се вчитува...