Италијанските манекени денеска само во „инспекција“ на „Гранде Олимпико“ (ФОТО)

ЕКИПА во Торино, Италија

Никола Ѓуровски

Италијанските репрезентативци место официјален тренинг вечерва на Олимпискиот стадион во Торино се впуштија единствено во „инспекција“ на тревникот каде утре од 20:45 ќе го играат квалификацискиот натпревар со Македонија.

Италијанските манекени, единствено продефилираа за камерите и фотоапаратите, расшетувајќи се малку пред медиумите, само како „модна најава“ за она што ќе се случува утре во квалификациите за СП 2018…

Italijanci 3

Италија и Македонија ќе играат дуел од претпоследното коло во квалификациската група. Првата меѓусебна средба во Скопје заврши со триумф на „аѕурите“ од 2-3.

Italijanci 2

italijanci 4

Се вчитува...