Италијанските великани во „војна“ за потписот на Гинтер

Италијанските гиганти Јувентус и Интер тргнуваат во војна за потписот на фудбалерот на Борусија Менхенгладбах, Матијас Гинтер. Добрите игри на Гинтер во последните неколку сезони не останаа незабележани од европските великани, па се повеќе понуди стигнуваат на адреста на бундеслигашот.

Во пол-позиција за неговиот потпис се Јувентус и Интер, а во нивна полза оди тоа што на крајот на следната сезона истекува договорот на германскиот репрезентативец, па летово ќе биде последна шанса Менхенгладбах да заработи нешто од неговото заминување.

Покрај Јувентус и Интер заинтересиран за неговите услуги е и Баерн Минхен, кој никогаш нема ништо против да ги собира фудбалерите на ривалите во Бундеслигата.

Се вчитува...