Италијанците ја „скенираа“ Шкендија: Опасноста доаѓа од Хасани и Ибраими

Македонскиот вицепрвак Шкендија го доби џек-потот во плејоф колото од Лигата на Европа, да ги одмери силите со клубот со најголемо европско педигре во ова натпреварување, италијанскиот гигант Милан. Тренерот на „росонерите“, Винченцо Монтела, веднаш по ждребот изјави дека не знае ништо за Шкендија, но медиумите веќе почнаа со детално „скенирање“ на тетовскиот тим.

Реномираниот медиум „Газета дело спорт“ направи детална анализа, што ја направија Стефано Канталупи и Антонино Морици.

gazetta tv za skendija

„Шкендија е второпласираниот тим од Македонија, која во изминатиот шампионат заврши на втората позиција. Може да се каже дека е и убедливо најповолниот противник што можеше да го добие Милан. Во минатото коло го елиминираа литванскиот тим Тракаи, кој секако е непознат за пошироката европска јавност. Добра околност е што сега Шкендија ќе игра на репрезентативниот објект во Скопје, каде што ќе се игра и Суперкупот на Европа меѓу Реал Мадрид и Манчестер јунајтед. Што се однесува до тимот, најголемата опасност доаѓа од Ферхан Хасани и Бесарт Ибраими. Тие се репрезентативци на Македонија и одлични техничари. Ова лето тимот доби и нов тренер, Ќатип Османи, кој се покажува како квалитетен стратег. Но, сепак, далеку е Шкендија од ривал кој треба да го заплашува Милан“, се вели во анализата на „Газета дело спорт“.

Се вчитува...