Италијанците подготвуваат револуција во Серија А?

Фудбалските правила се менуваат од година во година, а Италијанците се подготвени да направат тотална револуција на оваа тема. Фудбалската федерација на Италија поднесе службено барање клубовите во Серија А да добијат право на пет замени во текот на мечевите.

ИФАБ е управувачкото тело кое носи и контролира закони околу правилата во фудбалските натпревари, а токму на адреса на здружението пристигна барање од Серија А со молба за промена на правилото на три замени.

Клубовите во Серија Ц и Д веќе имаат право да користат пет замени во своите натпревари, а следната сезона би можело истото тоа да се случи и во најсилното натпреварување на Апенините. Ако барањето биде прифатено, Серија А ќе биде првата од најсилните лиги во Европа во која ќе биде дозволено да се прават пет замени.

Се вчитува...