Италијанците воодушевени од Пандев: Гол на сезоната…, за награда „Пушкаш“ на ФИФА (ВИДЕО)

Капитенот на македонската репрезентација, Горан Пандев уште еднаш ја воодушеви Италија, Европа но и целиот фудбалски свет со феноменалниот погодок кој денеска го сервираше во дресот на Џенова.

Иако на крајот мораше да се соочи и со исклучување, сепак Пандев дефинитивно ќе го памети дуелот против Лече поради неверојатниот гол со лоб удар од 36 метри, како што пресметаа прецизните Италијанци. Вистинска мајсторија, прекрасно примена топка по исфрлување од противничкиот голман и со волеј удар лобува извонредно во мрежата од голот на Лече.

„Гол на сезоната… Гол на годината. Ова е гол кој дефинитивно може да конкурира за наградата ‘Ференц Пушкаш’ на ФИФА, за најубав гол на годината“ – се дел од коментарите на италијанските медиуми, но и неутралните фудбалски вљубеници.

Се вчитува...