Итало: Не можев да посакам подобро деби за Вардар

Новото име во редовите на Вардар, Итало Хосе Оливеира Дос Сантос, на натпреварот со Победа го имаше својот прв настап во дресот на „црвено-црните“, крунисувајќи го со гол. Итало можеше да се запише во листата на стрелците барем уште еднаш, но најпрво ја погоди пречката, а потоа имаше добра прилика за уште еден гол.

„Од првите денови заклучив дека станува збор за одличен тим. Во Вардар има одлични момци, вистински професионалци. Се е во ред, освен што не разбирав ништо што зборуваат, но имам одличен преведувач во тимот кој што ми помогна многу да се адаптирам. Тоа е мојот сонародник Фелипе“ – вели Итало за официјалната интернет страница на клубот.

Не го крие задоволството од дебито со постигнат гол…

„Тоа беше одличен натпревар за нашиот тим. Игравме одлично и што е најважно успевме да победиме. Секако дека сум среќен за моето деби во тимот на Вардар. Нема подобро нешто од тоа кога ќе на првиот натпревар ќе се постигне гол. Но, за мене уште поважна е победата на тимот и освоените бодови на овој натпревар. Сега ни следува реваншот со Фенербахче на кој што нормално посакувам да се избориме за резултат кој што ќе не однесе во следната фаза во групите од Лигата на Европа. Сега сме максимално фокусирани кон тој натпревар“.

Се вчитува...