Итен состанок во Челси поради понуда од Барселона

Рускиот тајкун, Роман Абрамович, сопственик на Челси, закажа итен состанок поради Вилијан.

Бразилецот е на мета на Барселона, која и тоа како е упорна да го доведе во своите редови. Испрати три понуди, а последната „тешка“ – 72 милиони евра.

Челси долго се противеше на евентуален трансфер, но очигледно ситуацијата се менува па Абрамович закажа итен состанок за да се разгледа понудата од Каталонија.

И Манчестер сити го сака Вилијан, но јасно е дека Челси би го продал на Барселона но не и на својот конкурент во Премиер лигата.

Со продажба на Вилијан, Челси потоа би се насочил кон доведување неколку квалитетни засилувања во имињата на Ругани, Игуаин и фудбалерот за врска на ЦСКА, Головин.

Се вчитува...