Итен состанок во Горица: Целосна поддршка за Ангеловски, останува тренер и спортски директор

Итен состанок на извршниот одбор на Горица имало синоќа, а единствена тема била иднината на тренерот Игор Ангеловски. Во седум натпревари екс македонскиот селектор освои само еден бод, и токму од тука хрватскиот тим се собрал да одлучува што ќе прави со Ангеловски.

Изврпниот одбор на крајот одлучи да го поддржи тренерот, кој воедно е и спортски директор, иако на дело таа функција ја има Ненад Чрнко. Сепак, во иднина Ангеловски ќе има пошироки овластувања и во секторот засилувања.

„Извршниот одбор на ХНК Горица на својата седница даде целосна и безрезервна поддршка на тренерот и спортскиот директор Игор Ангеловски со сите овластувања, без никакви ограничувања до крајот на актуелната сезона“, стои во соопштението на ИО кој брои 10 члена. 

Денеска Горица му гостува на Хајдук.

Се вчитува...