Итудис стана селектор на Грција

Еден од најдобрите тренери Јанис Итудис, е поставен за нов селектор на грчката кошаркарска репрезентација, соопштија од кошаркарскиот сојуз на нашиот јужен сосед.

Итудис веќе осум години е дел од ЦСКА Москва, со кој два пати ја освои Евролигата, а претходно пет пати го подигна трофејот во ова натпреварување како асистент во Панатинаикос.

Итудис ќе ја превземе селекцијата пред Евробаскетот оваа година, а Сотирис Манолопулос ќе ја води селекцијата во квалификациите за СП 2023 година. Пред ЦСКА, Итудис беше тренер и на Банвид. Два пати беше прогласуван за тренер на годината во Евролигата, а има уште и шест титули руски првак и 11 титули шампион на Грција.

Се вчитува...