Ива Младеновска потпиша за Борусија Дортмунд

Репрезентативката Ива Младеновска е нова членка на германскиот тим Борусија Дортмунд. Ракометарката која игра на десната бековска позиција, потпиша со „милионереите“ договор до 2028 година.

Младеновска во минатото настапуваше во школата Алушовски, а потоа во Металург од 2020 година. Во сезоната 2023/24 прави трансфер во Брест, а во 2025 година потпиша за Безансон.

Од Борусија Дортмунд истакнаа дека во Младеновска гледаат млада и амбициозна ракометарка со меѓународно искуство, која ќе донесе дополнителен квалитет во тимот.

Се вчитува...