Ива Пројковска главен судија на мечот Реал Мадрид – ПСЖ

Ново признание пристигна од Комисиите за делегирање на судии на УЕФА за нашата најдобра фудбалска судијка Ива Пројковска која се наоѓа на листата на 20  елитни судии во Европа. Таа е одредена за главен судија на  дерби мечот од првото коло од групната фаза во Лигата на европските шампиони меѓу првакот на Шпанија, Реал Мадрид и шампионот на Франција, Пари Сен Жермен.

Тоа е уште еден доказ за нејзините покажани одлични резултати на семинарот кој неодамна се одржа во Женева и на кој присуствуваа најдобрите женски судии во Европа.

Ќе и помагаат  Елена Соклевска – Илиевска и Дијана Варага Араја од Литванија, а четврта судијка ќе биде Сабина Болиќ од Хрватска, контролор на судењето е Германката Кристина Батингер. Мечот се игра во Мадрид на 22 септември.

М.М.

Се вчитува...