Нашата најдобра судијка, интернационалката Ива Пројковска од страна на Судискиот одбор на УЕФА за женскиот фудбал е одредена за главен судија во групната фаза на Лига на шампионите на мечот меѓу Реал Мадрид и шампионот на Украина Карков. Средбата се игра во Мадрид на 16 декември. Ќе и помагаат Вјоса Изеири и Елена Соклевска-Илиевска, четврти судија е Ирена Велевачкоска.
Во оваа група се уште и Пари Сен Жермен и првакот на Исланд Дреи Даблик. Годинава Пројковска беше главен судија на квалификационите натпревари за Светското првенство за жени меѓу Германија и Бугарија и Грција-Словенија. Таа пред извесно време успешно го положи и тестот за ВАР судија. Интересно е да се напише дека мината сезона и судеше и на Барселона на средбата со ПСВ Ајндховен. Пројковска е единствен судија од Македонија кој им судеше на двата шпански фудбалски гиганти. /М.М/
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА