Иван Галевски се врати во Македонија ЃП

Македонија ЃП го промовираше најновото засилување во своите редови. Станува збор за повратникот Иван Галевски, кој ги мина сите младински категории на Македонија ЃП, а потоа играше во разни клубови во Македонија, по што после седум години се врати во старото јато.

Галевски настапуваше за Еуромилк, Пехчево, во португалскиот тим Луситано, па потоа во Силекс, Струга ТЛ, Победа и во последната година во АП Брера. Сезонава настапи на 14 натпревари во пролетниот дел од сезоната, постигнувајќи еден гол и една систенција.

Галевски настапува на позицијата десно крило, а може да игра и на левата страна и како најистурен во нападот.

Се вчитува...