Иван Марковски: Деконцентрацијата си го направи своето во Охрид

И покрај тоа што водеше во поголемиот дел од натпреварот, Металург загуби на гостувањето од Охрид со 27-26 во последните секунди во повеќе од драматичен натпревар од Суперлигата.

Стратегот на „металурзите“, Иван Марковски жали што единствено деконцентрацијата во неговиот тим придонела да се загубат бодовите во самиот финиш.

„Честитки за победа на Охрид. Сосема заслужено на крајот но сакам да истакнам дека и ние да победевме немаше да биди незаслужено. Нашата деконцентрација на работи кои ги тренираме се одрази многу негативно на крајот, а Охрид го искористи сето тоа да се врати од негатива и да се бори за победа. Исто така знаевме дека последниот напад ќе биде за Тот, но и тука не успеавме да затвориме. Сепак, јас сум задоволен од прогресот на екипата во последниов период и можам да ветам дека Металург допрва ќе го пружи најдоброто во плејофот од Суперлигата“ – изјави Марковски по вчерашната пораз од Охрид.

Се вчитува...