Иван Марковски: Покажавме дека Металург е жив, ова е добро за целиот мак-ракомет

Шефот на стручниот штаб на Металрг, Иван Марковски не го криеше задоволството што овој клуб договори две врвни засилуважа во браќата Ниокас.

Според него овие трансфери се јасен доказ дека Металрг планира враќање на највисоко ниво, нешто во што двајцата француски интернационалци можат многу да помогнат.

„За мене како тренер е голема чест што од денеска ќе ги имам браќата Ниокас во својот тим. Јасно е за какви играчи станува збор, ракометари кои го носеле дресот на Франција и не се сомневам дека ќе бидат од огромна помош. Овие трансфери се доказ дека Металург е сеуште жив и планриа враќање онаму каде што му е местото. Од браќата Ниокас голем плус ќе имаат и младите играчи кои ќе имаат што да научат како на натпреварите, така и на на самите транинзи“, изјави тренерот на Металург.

Се вчитува...