Хрватскиот репрезентативец Иван Ракитиќ е само на чекор од трансфер во Челси, објавува реномираниот шпански весник „Спорт“. Ракитиќ во Челси оди од јуни кога во Барселона ќе пристигне Де Јонг.
Како што тврди каталонски „Спорт“, договорот за трансфер на Ракитиќ од Барселона во Челси и речиси комплетен а остануваат само деталите пред финална реализација.
Од друга страна, самиот Ракитиќ претходно изјави дека доаѓањето на Де Јонг не го загрижува околу позициите во тимот и дека сака да остане во Барселона уште неколку години.
„Сакам да останам во Барселона. Тука ми е најдобро. Имам 30 години што е најдобар фудбалски период. Де Јонг и јас може да играме заедно“ – изјави претходно Ракитиќ.
Но, и покрај неговите зборови веќе се поизвесно е дека за него следи нов голем трансфер во кариера. Овој пат, „Стенфорд бриџ“ е така блиску!
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА