Пелистер продолжува да го составува тимот за новата сезона во која покрај домашното првенство ќе настапува и во АБА2 лигата. По продолжувањето на договорите со неколку кошаркари од претходната сезона, како и ангажманот на три Македонци и двајца Американци нови играч на „зелено-белите“ е Иван Сапунџиев.
Поранешниот кошаркар на Карпош Соколи, Фени Индустри и Вардар во Битола доаѓа по сезона помината во редовите на ТФТ каде на 31 одигран натпревар во Првата лига забележа просек од 4.5 поени и 1.5 скока, додека на 11 средби во БИБЛ забележа 4.5 поени и 1 скок.
View this post on Instagram
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА