Иван Тричковски е цел на Панатинаикос

Македонскиот фудбалски репрезентативец Иван Тричковски е една од целите на грчкиот Панатинаикос, пренесуваат кипарските медиуми. Во Панатинаикос тренер е Србинот, Иван Јовановиќ со кого Тричковски соработуваше во АПОЕЛ.

Секако, капитенот на АЕК има договор со Ларнака, па за очекување е кипарскиот тим да се обиде да го задржи својот најдобар фудбалер. 34-годишниот Тричковски претходно има играно за Црвена звезда и Легија Варшава и Клуб Бриж, а со Иван Јовановиќ покрај во АПОЕЛ, соработуваше и во Ал Наср.

Популарниот Тричко во АЕК Ларнака е од 2016 година и е водечка фигура за клубот со повеќе од 80 голови во последните пет години.

 

Се вчитува...