Иван Тричковски меѓу 20-те најдобри стрелци во Европа во 2019 година

Македонскиот фудбалски репрезентативец Иван Тричковски, кој е интернационалец на Кипар, во дресот на АЕК Ларнака постигна 30 гола во 2019 година и се вброи меѓу 20-те најдобри стрелци во Европа. Тој се наоѓа на високото 18.место на рангирањето на фудбалерите кои постигнале најмногу голови во годината што изминува.

На првата позиција е Роберт Левандовски, голгетерот на Баерн Минхен, со 47 гола, пред Лионел Меси од Барселона со 45, а на третото место е Абдеразак Хамдала од Ал Наср. Килијан Мбапе од ПСЖ е на седмата позиција, а зад него е Карим Бензема. Во ова познато друштво има место и за Македонецот Иван Тричковски од АЕК Ларнака. Зад него, на 20.место е стрелецот на премиерлигашот Лестер, Џејми Варди, со 29 гола.

Се вчитува...