Иван Тричковски меѓу најдобрите стрелци во историјата на Лигата на Европа

Македонскиот репрезентативец Иван Тричковски се наоѓа меѓу најдобрите стрелци во историјата на Лигата на Европа, пишува Макфудбал.мк. Напаѓачот на АЕК Ларнака има постигнато 23 гола во ова европско натпреварување и се наоѓа на 17.место на оваа листа, а е во друштво со врвни светски голгетерски имиња.

На врвот на листата е Швеѓанецот Хенрик Ларсон со 40 постигнати гола, пред Клас Јан Хунтелар (34) и Ариџ Адуриз и Радамел Фалкао, кои се на делба на третата позиција со 31 гол. Тука се и имиња како Дитер Милер, Кевин Гамеиро, Алесандро Алтобели, Клаудио Пизаро, Оскар Кардозо…Тричковски има идентични 23 гола како и Јуп Хејнкес, а еден постигнат гол повеќе од легендарниот Јирген Клинсман.

Се вчитува...