Иван Тричковски постигна гол за победа на АЕК Ларнака

Македонскиот напаѓач Иван Тричковски продолжува да ги тресе мрежите во фудбалската лига на Кипар, а денес тој беше стрелец на единствениот гол со кој успеа да донесе победа на АЕК Ларнака (1-0).

Тричковски на денешниот натпревар беше сигурен реализатор од белата точка, а токму оваа реализација во 72-та минута ја донесе радоста на публиката во дуелот против Никзоија.

Тричковски вечерва го запиша својот четврти гол сезонава во Кипар, а со оваа победа неговиот тим се наоѓа на втората позиција со освоени 8 поени.

 

 

Се вчитува...