Ивана Пројковска ќе биде главен судија на финалето од ЕП за девојки до 19 години

Најдобрата македонска судијка Ивана Пројковска ќе биде главен арбитар на финалето меѓу Франција и Германија од Европското првенство за девојки до 19 години кое се одржува во Шкотска.

Добивајќи ја довербата на УЕФА да биде главен судија на финалето, Ивана Пројковска го заработи најголемото признание во нејзината судиска кариера.  Претходно беше дел од завршницата на континенталните собири во Исланд и во Словачка.

Најдобрата македонска судијка Ивана Пројковска e во првата категорија на судии во УЕФА.

Се вчитува...