Српската атлетичарка Ивана Шпановиќ е ѕвезда на денот на Европското првенство во сала што се одржува во Белград, откако изведе фантастичен скок за освојување на златниот медал во скок во далечина. Таа во третата серија скокна 7.24 метри, што е трет најдобар скок во историјата, само за 13 сантиметри послаб од остварувањето на легендарната Хајке Дрекслер (7.37 метри) како најдобар во затворено. Овој рекорд е поставен во далечната 1988 година и досега никој не успеал да се доближи толку многу.
Овој скок воедно е и личен рекорд на Ивана Шпановиќ и најава дека таа наскоро би можела да јуриша и на светскиот рекорд…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА