Иванишевиќ: Кога нешто ќе каже го критикуваа, кога нема да каже повторно критика, а Ноле им покажа само колку е голем!

Горан Иванишевиќ имаше емотивна изјава по освојувањето на Новак Ѓоковиќ на деветтио Австралија опен во кариерата. Тој вели дека Новак на светот му покажал колку е голем успевајќи да се избори со сите критики, бидејќи како што вели Иванишевиќ првиот рекет на светот е напаѓан и кога збори и кога не збори.

„Натпреварот беше вистинско ремек дело. Очајнички му беше потребна оваа победа по сите проблеми кои ги имаше со неочекуваната повреда. Не беше лесно да се бори против критиките. Кога ќе каже нешто го критикуваат, кога нема да каже ништо повторно трпи критики. Сепак, на сите им покажа колку е нашиот Ноле најголем“, изјави Иванишевиќ. 

Ова е вкупно 18-грандслем титула за Ѓоковиќ и сега е само на две негатива од Роџер Федерер и Рафаел Надал кои имаат освоено по дваесет.

Се вчитува...