Иванишевиќ мораше на операција, па се огласи од болница: Добро сум, им благодарам на сите

Горан Иванишевиќ по УС Опен навести дека се подготвува за операција на коленото. Прославениот тениски ас, сега тренер на најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ се одлучи на итна интервенција како би ги решил проблемите со коленото.

По УС Опен, каде Ѓоковиќ го освои 24-от грандслем трофеј во кариерата, Иванишевиќ се одлучи на операција на коленото и денеска преку Инстаграм се огласи од болничкиот кревет.

„Добро сум, им благодарам на доктор Јелиќ и целиот тим на специјалната болница Света Катарина, вклучително и мојот пријател др. Приморац. Се чувствувам како дома, благодарам“ – порача Иванишевиќ.

Се вчитува...