Иванишевиќ по само три месеци се раздели со Елена Рибакина

Иако се уште нема официјално соопштение, се чини дека соработката меѓу Горан Иванишевиќ и Јелена Рибакина е завршена.

Имено, поранешниот хрватски тенисер, а од 1 ноември минатата година тренер на тенисерката од Казахстан, на Инстаграм објави кратка порака во која посочува дека повеќе не е во штабот на Рибакина која во моментов е седма тенисерка во светот.

„По нашиот пробен период, кој заврши на Австралија опен, сакам да им посакам на Елена и нејзиниот тим се најдобро во иднина“, напиша Иванишевиќ.

Рибакина во понеделникот беше елиминирана од Австралија опен по поразот од Американката Медисон Кис, а на прес-конференцијата по мечот рече дека ќе разговара за иднината со Иванишевиќ.

Се вчитува...