Иванишевиќ: Сега ќе си дадам отказ, Новак е генијалец кој некогаш не можете да го следите

Легендарниот Горан Иванишевиќ во фокусот на вниманието и по синоќешната нова грандслем титула на Новак Ѓоковиќ. Десната рака на Ноле сега го има и последниот грандслем турнир кој досега го немаше со Ѓоковиќ, па како што вели може и да се пензионира.

„Ми недостасуваше УС Опен со Новак. Го освоив со Чилиќ, а сега го имам и со Ноле. Сега слободно може да си дадам отказ затоа што освоивме буквално се, а знам дека на Челинџер турнири нема да игра“ – вели Иванишевиќ, и дополнува:

„Грандслем финале секогаш е Грандслем финале, и сега по толку години не ми е лесно да го гледам. Видовте на Вимблдон, еден поен горе – долу, и се можеше да биде поразлично. Така можеше да биде поразлично и тука, Медведев да го добиеше вториот сет. Но, сега веќе се навикнав барем на неговите викања. Понекогаш го слушам кога вика по не, а понекогаш не“.

Иванишевиќ нагласи дека Ѓоковиќ е гение каков еднаш се раѓа, роден победник, кој нема да се откаже од тенисот уште долги години…

„Да не сум постојано покрај него ќе бев изненаден од ова што го прави, но вака не сум воопшто. Знам колку е мотивиран, постојано бара нови предизвици. Тоа некогаш не е добро за нас во тимот, меѓутоа поради тоа бележи врвни резултати. Тој е гение, роден победник и тоа не може да се добие, тоа е нешто со што се раѓаш. И не планира да застане ниту со 36 години. Неговиот план е да игра и на Летните олимписки игри во Лос Анџелес во 2028 година“ – вели хрватскиот тренер.

Се вчитува...