Иванишевиќ со „луда“ прес-конференција: Зае..ни сме ние Балканците, Ноле е нешто неверојатно – треба да му се направи лоботомија!

Нескриена беше радоста на Горан Иванишевиќ по новиот гранслем трофеј на Новак Ѓоковиќ со кој се запиша во историјата.

Тренерот на Ѓоковиќ веднаш по финалето на Ролан Гарос имаше помалку „луда“ прес-конференција на која како никогаш досега го отвори срцето.

„Посебно сум горд на Новак на последните два меча. Тоа што е интересно сега за полуфиналето и финалето, му рековме дека ако сака да го освои трофејот, мора да престане да разговара и да се расправа со нас за време на мечевите. И видовте и самите, беше посебно концентриран. Дури може да кажам дека беше сега и малку здодевен. Во полуфиналето и финалето беше смирен, а јас сакам да го гледам онака малку див, нервозен на теренот, ми недостасуваше да се дере“ – истакна Иванишевиќ кој се осврна и на свирежите од публиката за Новак.

„Можеби малку, знам дека тоа го нервира… Што и да направи, нему му свират. Тоа е навистина нечесно. Понекогаш лошо ќе го протолкува тоа дека се противн него. А, понекогаш е добро што го рас…дуваат, и тогаш е и подобар на терен. Горд сум на него, во секој случај“.

Иванишевиќ не крие дека е среќен што е дел од историјата на Новак, и од историјата на тенисот, преку него, воопшто.

„Секогаш кажувам дека сум малку подобар тренер. Ми недостасуваше Ролан Гарос, а сега имам три титули со Новак, и една претходно со Чилиќ. Пишувањето на историјата е неверојатно. Знаев дека ќе ја пишува историјата, но не знаев дека и јас ќе бидам дел од неа. Драго ми е што луѓе од Балканот освојуваат турнири. Зае..ни сме ние Балканците. Секогаш се појавуваме кога ќе се обидат да не исфрлат. Драго ми е дека сите сме заедно, дека сме си една голема поддршка“ – истакнува Иванишевиќ, и дополнува:

„Ѓоковиќ е навистина еден посебен лик. Човек кој пркоси на се, на сите правила. Не постои што не може. За него не постои невозможното. Неверојатно. Драго ми е што му покажа на светот кој е тој, што е тој. А, јас стварно не знам кој е тој, што е тој… Би требало да му се направи лоботомија, се и сешто има таму нешто. Треба да се види. Тој е нешто посебно. Неверојатно!“.

Се вчитува...