Новак Ѓоковиќ со ново импресивно издание стигна до десеттата титула на Австралија Опен, во финалето декласирајќи го Циципас со максимални 3-0 во сетови.
Србинот за момент ги загуби нервите во текот на вториот сет упатувајќи навредливи зборови кон својот тренер Горан Иванишевиќ, но поранешната хрватска тениска „ѕвезда“ веднаш по финалето обелодени дека тоа е дел од „тактиката“.
„Нормално дека не му се лутам. И самиот сум бил тенисер, знам колку може да се стане нервозен во даден момент кога си на терен, потребен ти е „вентил“ за да го тргнеш бесот од себе. Знам дека не го мисли она што го кажува, а јас му имам речено: Ако веќе ме пцуеш, мораш да победиш“, прокоментира Иванишевиќ.
На истата тема изјава даде и самиот Ѓоковиќ.
„Знам дека некогаш им е тешко на луѓето во ложата поради моите реакции кон нив. Разговараме на таа тема и знаат дека не е ништо лично, туку само начин да го истурам бесот. Да бидам искрен, ако јас седам и некој ми го вика она што јас им го префрлам, не би можел да седам мирен“, со насмевка истакна најдобриот тенисер на денешницата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА