Иванишевиќ: Тој човек ми го уништи животот, не можев да спијам поради тоа

Поранешниот хрватски тенисер и сега тренер на Новак Ѓоковиќ, Горан Иванишевиќ говореше за својот најтежок ривал во кариерата, Американецот, Пит Сампрас.

„Ми го уништи животот. Ми ги уништи соништата. Поради него не можев да спијам. Во полуфиналето на Вимблдон 1994 година го победив Борис Бекер. Тоа беше сигурно мојот најдобар меч на Вимблдон. Играв неверојатно, а тогаш дојде финалето со Сампрас. Човекот кој ми уништи 20 години од животот. Господин Сампрас. Првите два сета ги доби во тај-брејк, а потоа третиот со 6-0. Тој период едноставно ме убиваше“, вели Иванишевиќ. 

Се вчитува...