Ивановиќ доби отказ од Басконија, ќе го замени Словенец?

Црногорскиот кошаркарски тренер Душко Ивановиќ повеќе не е тренер на Басконија, потврди шпанскиот клуб преку социјалните мрежи. Тој заминува од оваа позиција по неуспешната сезона.

Ивановиќ се врати во Басконија по отказот во Црвена Звезда при самиот почеток на сезоната, а успеа да го внесе клубот во плеј-офот на Евролигата во тешка конкуренција. Сепак таму беше запрен во четвртфиналето од страна на Реал Мадрид, а доживеа и голем неуспех на домашната сцена каде не се пласираше во разигрувањето за титула.

Искусниот стратег се очекува да биде заменет за младиот тренер во подем, Јака Лаковиќ кој направи голем успех со Гран Канарија пред две сезони освојувајќи го Еврокупот.

Се вчитува...