Ивановска запрена во финалето на турнирот во Улцињ

16-годишната македонска тенисерка Катја Ивановска играше во финалето на турнирот во Улцињ. Таа во завршниот меч загуби од првата носителка Душица Поповски од Србија, а на патот до финалето успеа да ги елиминира третата носителка Сташа Булатовиќ (Црна Гора – 1. коло) и втората носителка Валентина Бендова (Чешка – полуфинале).

Ивановска на патот до завршниот меч постигна четири победи од кои против двете носителки со пресврт од 0-1 до победа од 2-1. Ивановска на стартот ја победи Булатовиќ со 2-1 во сетови (4-6 6-4 6-4). Во втората рунда беше подобра од Марија Наиданова од Русија со 2-0 во сетови (6-3 7-5), а во четвртфиналето ја совлада Анастасија Чоловиќ од Србија со 2-0 (6-2 7-5). Во полуфиналето пресвртот беше навистина голем против Бендова, првиот сет го загуби со 6-0, следниот го доби со 6-1 и во решавачкиот беше 7-5 за македонската тенисерка.

Во финалето загуби од Поповски од Србија со 2-0 (6-2 6-0), со тоа што победничката на турнирот беше доминантна и загуби само девет гема во петте меча на турнирот.

Се вчитува...