Ивановски експресно до полуфинале во Монастир

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски продолжува со одличните настапи на ИТФ фјучрсот вреден 15.000 американски долари во тунискиот град Монастир.

Нашиот тенисер во четвртфиналето беше подобар од Австриецот Себастијан Соргер со максимални 2-0 по сетови 6-3 и 6-4.

Во полуфиналето Ивановски за противник ќе го има Гркот, Стефанос Сакеларидис.

Се вчитува...