Ивановски елиминиран на челинџерот во Романија

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски го заврши настапот во четвртфиналето на силниот Челинџер турнир во Романија.

Македонскиот тенисер денеска во четвртфиналниот дуел со максимални 2-0, по сетови 6-4 и 6-3 беше поразен од Канаѓанецот, Стивен Диез.

И покрај поразот со тоа што успеа да стигне до своите први две победи во кариерата на Челинџер турнејата нашиот тенисер од понеделник ќе има нов најдобар ранкинг во кариерата.

Се вчитува...