Ивановски елиминиран на стартот на Челинџер во Полска

Најдобриот македонски тенисер, Калин Ивановски втора недела по ред го завршува својот настап на тениските турнири во првото коло.

Ивановски настапуваше на Челинџер турнирот во Полска, каде уште во првото коло доживеа елиминација и тоа од квалификант.

Во првата рунда подобар од нашиот тенисер беше Романецот, Мариус Цопил со 2-1 по сетови 6-4, 1-6 и 6-4. Сепак, иако во моментов се наоѓа на 350. место на АТП листата, Цопил има настап во главниот ждреб на сите гранд-слем турнири.

Се вчитува...