Ивановски елиминиран во четвртфиналето на фјучрсот во Сетубал

Калин Ивановски (3 носител) не успеа да се пласира во полуфиналето на фјучрсот во Сетубал, Португалија. Тој денеска загуби од домашниот тенисер Хаиме Фарла со 2-0 во сетови (6-4 6-4) за 1 час и 31 минута. Ивановски за пласманот во четвртфиналето освои три поени.

Првиот сет беше решен веќе во првиот гем кога португалскиот тенисер направи брејк за водство од 1:0. Ивановски имаше можност за изедначување во четвртиот гем кога не реализраше пет брејк топки и противникот поведе со 3-1 и предноста ја сочува до крајот. Сетот заврши со 6-4.

Во вториот сет текот беше поинаков. Фарла направи брејк во третиот гем за водство од 2-1, а потоа и во седмиот гем за предност од 5-2. Македонскиот тенисер ја врати неизвесноста со брејкот за 5-3, а потоа намали на 5-4, но не успеа да направи целосен пресврт и сетот заврши со 6:4 за протугалскиот тенисер.

Ивановски следната недела е пријавен за настап на фјучрс турнир во Монастир, Тунис каде треба да биде прв носител.

Се вчитува...