Ивановски елиминиран во двојки на Вимблдон

Најдобриот млад македонски тенисер, Калин Ивановски заедно со својот партнер Хрватот, Мили Полјичак загубија во првото коло во игра на двојки кај јуниорите на Вимблдон.

Тие беа поразени од шпанско/јорданската двојка Ринкон/Шелбах со 2-0, по сетови 6-4 и 6-4. Сега Ивановски очекува само да се насочи кон турнирот во сингл каде по одличната победа во првото коло против 10. носител на турнирот, утре го очекува меч со Литванецот, Едас Бутвилас.

 

 

Се вчитува...