Ивановски елиминиран во осминафиналето на Челинџерот во Братислава

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски го заврши својот настап на Челинџерот турнирот во словачка Братислава откако беше елиминиран во осминафиналето.

Ивановски во осминафиналето на турнирот во главниот град на Словачка загуби од 330. тенисер на АТП листата Мартин Дам со максимални 2-0, по сетови 6-3 и 6-4.

И покрај елиминацијата во осминафиналето од понеделник нашиот тенисер ќе напредува на АТП листата по одличната недела во Братислава.

Се вчитува...